СТАВАЊЕ ВО УПОТРЕБА И ПЕРИОДИЧНИ ИНСПЕКЦИИ

TSG индустриски сервис, нуди сеопфатно решение за сите потреби на инспекција и контрола на опремата под притисок. На Вашето барање ќе одговориме на сите технички прашања и со брза инспекција на опремата.

Нашите експерти ќе спроведат прво испитување за ставање во употреба и периодични инспекции преку исполнување на националните прописи и меѓународните стандарди. Со тоа се грижиме и за точниот и навремен распоред на испитувања на Вашата опрема. Потпирајќи се на TСГ како Ваш индустриски партнер Вие сте секогаш сигурни дека ги исполнувате законските обврски.

Опсегот на услуги е:

  • Процена на испитувањата
  • Процена на новата опрема за утврдување на усогласеноста со законските барања
  • Ставањето во употреба на новата опрема под притисок и инсталациите
  • Испитување на интегритетот на системот
  • Одредување на распоредот на периодичнииспитувања и план за одржување
  • Извршување на квалификувани периодични инспекции на опремата под притисок.

Периодични инспекции во Република Македонија се врши во согласност со националното законодавство, Правилникот за користење на опрема под притисок, "Службен весник на Р.М. Бр. 32/2009 ".

Видови на инспекции дефинирани со Правилникот се:

  • ставање во употреба
  • периодичен преглед надворешноста
  • периодичен преглед на внатрешноста
  • периодиченпреглед на интегритетот

Горенаведеното го потврдуваме со исполнување на нашата континуирана Акредитација.

Благодариме на довербата и Ве молиме да го пополните нашиот формулар Барање за Инспекција.